| четврток, 6 декември 2018 |

Жерновски во војна со Трајановски за паркирање

parkinzi centarГрадоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, на улицата каде што Град Скопје почна со уништувањето на општинските паркинзи изјави дека досега имал не добри, не одлични, туку коректни односи со градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски. Но, посочи дека нема да дозволи да се работи на штета на општината и на граѓаните.

– Сторивме сѐ за да ја избегнеме војната, која се очекуваше. Направив сѐ затоа што војната можеше да се избегне и можевме да се договориме – изјави Жерновски.

Според него, без градежна дозвола Град Скопје стопанисува со паркинзите кои се на територија на општина Центар и затоа се дивоградби.

parkinzi 5-1 Директорот на „Паркинзи на Општина Центар“, Саша Богдановиќ, на прес-конференција рече дека Град Скопје започнал со уништување на вертикалната и на хоризонталната сигнализација, но тоа не го прави на паркинзите со коишто стопанисува „Градски паркинг“.

– Цел е да се нанесе штета на јавното претпријатие „Паркинзи Центар“ и да се направат проблеми за граѓаните. Имаме доставено проект и до МВР и до Град Скопје, но немаме добиено одобрение за зонско улично паркирање. Инспекциските служби постапуваат селективно само на оние улици каде што ПОЦ го организира паркирањето – изјави директорот Богдановиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top