| четврток, 6 декември 2018 |

ЈСП: Не кршете ги автобуските станици

dvokatn avtobusi10 од 70 нови автобуски станици низ Скопје веќе се оштетени. Искршени се стаклата, а на голем број од нив се испишани графити. Истовремено продолжува и вандализмот во новите автобуси во кои има искршени столчиња, уништени штофови и делови од климите, соопшти директорот на ЈСП „Скопје“ Мишо Николов упатувајќи апел до граѓаните да помогнат во одржување и зачувување на новите станици и автобуси.

Кај автобуските станици особен предмет на вандализам се информативните табли и другите информации за ЈСП „Скопје“.

– Граѓаните треба да ни помогнат да ги одржуваме станиците. На нив има информативни панели со возен ред и разни информации и токму тие се посебен предмет на вандалистите – рече Николов.

За да обезбеди финансии неопходни за одржување на возниот парк и на станиците, според Николов, потребно е да се плаќаат билети. Свест за тоа ќе се подобрува преку кампања „Користи јавен превоз – плаќај билет“, што ќе почне утре, а ќе трае до Нова година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top