Истражувањето на Светскиот економски форум (ВЕФ), спроведено во 122 земји во светот покажува дека најквалитетни човечки ресурси има Швајцарија.
На второ место се наоѓа Финска, а на трето Сингапур. Холандија е четврта, а следуваат Шведска и Германија. На последно место на листата е Јемен, наведува швајцарскиот весник „24 часа“.
Меѓу првите десет земји на листата, најголем дел се од северна Европа, а надвор од Европа се Сингапур и Канада.
Во извештајот на ВЕФ се наведува дека Индексот на човечки ресурси го мери капацитетот на државите да развијат и користат здрави, квалификувани и компетентни човечки ресурси. Јапонија се наоѓа на 15. место, САД на 16., Франција на 21., а Кина на 43. позиција. Русија е 41., Бразил 57., Индија 78., а Јужна Африка на 86. место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.