Дали би простиле неверство на вашата сакана или сакан? Ако одговорот е потврден, колку време би ви требало да се вратите на старо и да се однесувате како ништо да не се случило?
Психолозите тврдат дека реакцијата на неверството и на предавството зависи од многу фактори и дека луѓето поинаку ги погодува.
Мажите тешко простуваат и им е потребно повеќе време, додека, пак, на жените на почетокот им е тешко, но многу полесно се решаваат да останат во врска. Најновото истражување покажа дека реакцијата зависи од тоа колку траела врската.
Па така, двојките што долго време поминале заедно полесно простуваат отколку свежите љубовници. Доколку се случи во првите години од врската и мажите и жените многу бурно ќе реагираат, ќе бидат повредени и тешко дека ќе простат.
Како што тврдат научниците, кога станува збор за почетоците на врската, мозокот е повнимателен, донесува посигурни одлуки и тешко здобива доверба, од друга страна, во долгите врски, тие што траат со години, мозокот е поотпуштен и полесно донесува одлука за простување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.