Пијанистката Дуња Иванова вечерва ќе одржи концерт во Македонскиот културен центар (Gallery MC) во Њујорк со дела од современите композитори Лудовико Еинауди и Филип Глас, кои првпат ги изведе на солистички концерт на годинашното „Скопско лето“.
Гостувањето на Иванова во Њујорк е дел од Програмата на Министерството за култура за 2013 година.
– Њујорк е, несомнено, градот во кој нештата во ниту еден момент не стивнуваат. Деновиве пред концертот ме инспирираат поинакви доживувања. Со пријатна возбуда го чекам 3 октомври кога во „Галери MЦ“ на Менхетен и јас ќе ја добијам шансата на овој нескротлив град да му подарам дел од себе. Еинауди и Глас се автори што на оваа територија и тоа како се популарни, па очекувам дека публиката ќе умее да ужива и во мојата интерпретација – изјави Иванова.
Настапувала во Париз, во Рагуза, Сицилија, на Сараевска зима, и на домашните манифестации „Охридско лето“, „Музика вива“, Денови на македонска музика, „Скопско лето“… Автор е на книгата „Естетското доживување на музиката“ (2010).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Жена со нож нападна деца во градинка во Њујорк
-
Владимир Десков, Ана Ивановска Дескова и Јован Ивановски куратори од Македонија за изложбата „Towards a Concrete Utopia: Architecture in Yugoslavia 1948-1980“ во Њујорк
-
На концертот во Камерната сала на Филхармонија, пијанистката Дуња Иванова ќе ги изведе Мајкл Најман, Стив Рајх и Тери Рајли
-
Испратил електорнска порака и потоа се самозапали во Њујорк