Тројца грчки државјани се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Велес – Градско, на три километри од патарината. Тие патувале од Велес кон Градско кога нивниот џип прво удрил во банкината на десната страна од автопатот, се превртувал на асфалтот и на крајот завршил во заштитната ограда. Повредените се пренесени во велешката болница, јавува „Канал 5“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.