Краткометражниот филм „Четврток“ на Милчо Манчевски ќе биде прикажан во киносалите во Германија. По премиерата на фестивалот во Венеција, „Четврток“ е поканет да биде дел од програма на краткометражни филмови кои се прикажуваат како една целовечерна програма на киногледачите во Германија. „Четврток“ ќе биде прикажан и на фестивалот во Сиракјуз, Њујорк.
Филмот, кој е американска продукција со Лора Ласи во главната улога, продуциран од Арон Левин и снимен од Уна Ли, беше прикажан во Венеција како дел од програмата „Future Reloaded“, во која беа поканети значајни автори од светската кинематографија да го одбележат јубилејното, 70. издание на фестивалот со краткометражни филмови на тема „Иднината на кинематографијата“. Филмот на Манчевски беше одбележан од критиката на фестивалот, а беше прикажан и на италијанската телевизија „РАИ синема“.
Во меѓувреме, долгометражните фимови на Манчевски, „Мајки“ и „Пред дождот“, ќе бидат прикажани во Филаделфија. Двата филма ја сочинуваат специјалната програма „Македонски филмски фестивал“, организирана од Универзитетот „Темпл“. Авторот ќе одржи предавање и разговор со публиката. „Пред дождот“ е прикажан и на фестивал во Италија. Фестивалот се вика „Филмски фестивал социјална лабораторија“ и се одржува во грдот Асти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура