| четврток, 6 декември 2018 |

Фергусон: Викторија го сопре напредокот на Бекам

Дејвид Бекам ќе остане легенда на англискиот фудбал без разлика на поделените мислења за тоа дали тој е голем фудбалер.

Поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед, Алекс Фергусон, кој имаше можност да соработува со Бекам, вели дека бракот со Викторија го чинело подобра кариера.

– Имав можност да го пратам неговиот развиток од 12 години. Тогаш покажуваше желба да игра со најдобрите и да учи од нив. Секогаш тренирашесо другарите од школо, дури и кога не беше време за тренинг. Неговиот начин на живот се промени кога се ожени со девојката од групата „Спајс грлс“. Тогаш го промени фокусот, не беше фокусирин само на фудбалот бидејќи стекна статус на позната личност, а мене ми требаа играчи кои мислат само на фудбал. Тогаш го продадовме на Реал – изјави Алекс Фергусон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top