Селтик и Барселона вчера на теренот во Глазгов го одиграа вториот меч од групата Х во Лигата на шампионите во кој шпанскиот тим победи со 1-0.
Браун е исклучен во средината од второто полувреме бидејќи го шутнал фудбалерот на Барселона Нејмар, кој беше паднат поради претходниот нивен дуел.
-Ќе се жалиме поради црвениот картон. Мислам дека клубот треба тоа да го направи- изјави тренерот на Селтик Нил Ленон.
Ако се усвои жалбата, Браун ќе пропушти еден натпревар, а доколку УЕФА го сметаат како насилничко однесување, суспензијата може да му се зголем за уште три натпревара.
Фудбалерот на Барселона Нејмар сепак рече дека Браун го шутнал.
-Секој може да го претстави тоа на начин на кој му одговара. Некои работи неможете да ги одбегнете, но не треба да се обидувате да го повредите противникот. Најбитно е дека победивме и дека сите го работеа она што требаше- вели Нејмар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


