Претседателите на партиите од Сојузот за иднината во седиштето на СДСМ разговрале за следните политички настапи, односно редовните Претседателските избори.
По средбата на Зоран Заев, претседател на СДСМ, Љубчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП, Стојанче Ангелов, претседател на Достоинство, и Марјан Огњановски од Обединети за Македонија, лидерот на Социјалдемократите рече дека било отворено прашањето за избор на претседателски кандидат, без притоа да навести конкретно име. Заев ги повтори барањата за прочистување на избирачкиот список.
Иако вели дека како опозиција претендираат да ја освојат власта, на прашање во врска со предвремени парламентарни избори, Заев посочи дека „тие никогаш не донеле добро“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.