Македонската полиција во текот на вчерашниот ден заплени 85 килограми марихуана при проверка на возило марка „ауди А4“, кое излетало од патот во близина на селото Ботун.
Автомобилот бил управуван од страна на 34-годишен жител на струшко Велешта, кој, како што информира денеска министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, не се придржувал на наредбите на полицијата.
– Некаде кај Ботун возилото излетало од патот, при што е приведен возачот, каде што е откриено дека се транспортира поголема количина наркотична дрога марихуана, односно 85 килограми 870 грама. Марихуаната е пакувана во пакувања облепени со селотејп, а била запакувана во една вреќа и во една патна торба, во полиетиленски пакувања – изјави Јанкуловска.
Се работи за марихуана која доаѓа од другата страна на албанската граница која се проценува од 100 до 250 илјади евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.