Во координирана заедничка акција на Центарот за спречување организиран и сериозен криминал и Управата за безбедност и контраразузнавање спречен е обид за нелегален транспорт на наркотична дрога марихуана. Во акцијата е уапсен Азир Скендери од селото Велешта.
Биле запленети 81 пакување на марихуана со тежина од околу 90 килограми. Полицијата врши претрес во селото Велешта и проверки за други инволвирани лица во илегалниот транспорт.
МВР за денес најави повеќе дтеали за оваа акција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.