| четврток, 6 декември 2018 |

Лекарите ќе бидат осигурани на четврт милион евра

lekari

Лекарската комора ја одбрала осигурителната компанија „Триглав“ каде лекарите ќе може да се осигурат од лекарска грешка, односно каде што ќе можат да покријат отштетно побарување од 250.000 евра во случај на судски спор со пациент или со негово семејство, пишува „Вест“.

Кочо Чакаларовски, претседател на Лекарската комора, вели де­ка наскоро ќе склучат договор со осигурителната компанија која по­ну­ди­ла најповолни услови за осигурување на лекарите од грешки, по што ќе мо­жат да одберат дали ќе земат од поевтиното или од поскапото оси­гу­ру­ва­ње.

Осигурувањето на лекарите од лекарска грешка е об­вр­ска на јавната здравствена установа во која работат, но и на самиот ле­кар.

– Се­га тоа ќе можат да го направат преку една осигурителна компанија, ко­ја ни беше препорачана од брокерска куќа. Лекарите сами ќе изберат да­ли ќе земат осигурување од 50 евра годишно, со кое може да покријат 50.000 ев­ра отштетно побарување, или 228 евра годишно осигурување со кое ќе покријат 250.000 евра отштетно побарување – изјави Ча­ка­ла­ров­ски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top