| четврток, 6 декември 2018 |

Асфалтирана новата економска улица во Општина Илинден

Општина Илинден продолжува со изградба на инфраструктурата во Општината, особено во 9-те локални економски зони. Како дел од овие континуирани активности асфалтирана е новопроектираната економска улица што се наоѓа во локалната економска зона Марино-Кадино. Станува збор за улица со должина од околу 500 и широчина од 10 метри, со тротоари во широчина од 1,5 метри од двете страни на улицата, чие што асфалтирање траеше до доцна во ноќта. Паралелно со асфалтирањето поставена е и хоризонтална сообраќајна сигнализација.


Оваа улица е од големо значење за локалниот економски развој, со оглед на тоа што ги поврзува стопанските објекти со локалниот пат Марино-Кадино, а ќе биде од големо значење и за другите стопански капацитети што се градат или, почнуваат да се градат во оваа економска зона. Со изградбата на оваа улица за потребите на стопанските субјекти Општина Илинден ги крева нормите, вредностите и стандардите на работење во оваа област.
Преку интензивни вложувања во патната, комуналната, енергетската и гасификациска инфраструктура во стопанските комплекси и во 9-те локални економски зони Општина Илинден обезбедува поволни услови за влез на нови домашни и странски инвеститори, поддршка на постојните инвеститори, а со тоа и можности за отворање на нови работни места.
Благодарејќи на интензивните вложувања во инфраструктурата изминатите години Општина Илинден стана успешна инвеститорска дестинација што се наоѓа на сите бизнис мапи во регионот и пошироко. Го доби епитетот „економски тигар“ што се стреми да прерасне во „економски лав“ во регионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top