Извршниот продуцент на една од најславните анимирани серии, Ал Џин, на неодамнешната прес-конференција најави дека сценаристите на Симпсонови работат на сценарио во кое еден лик од серијата ќе умре.
– Работиме на таа приказна од истата причини поради која ги работиме и другите, мислиме дека има добра емотивна линија. Ќе биде продуцирана оваа година, но може да биде емитувана во 26. сезона – изјави Џин, кој не сакаше да каже за кој лик се работи, но рече дека глумецот што го позајмува гласот добил награда „Еми“.
Во 25. сезона во Симпсонови умреа само два лика: Сопругата на Хомер од Лас Вегас Амбер и сопругата на Нед Флендерс.
Според тоа кои глумци освоиле „Еми“ еве ја листата со загрозени ликови.
Ен Хатавеј (Пенелопа)
Дан Кастеланета (Хомер Симпсон, дедо Симпсон, Барни, Красти, мајор Кимби)
Ханк Азарија (шефот Вигум, Мо, Апу)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.