| четврток, 6 декември 2018 |

Со БМВ се забил во куќа и загинал

bmv udrira kuka

Синоќа се случила страотна сообраќајна несреќа околу четири часот по полноќ на регионалниот пат Струга-Дебар во близина на селото Велешта.

Според податоците од МВР, до несреќата дошло кога 29-годишниот Агрон К. кој управувал автомобил марка „БМВ“, изгубил контрола и удрил во ѕид од куќа. За жал младото момче го загубило животот на местото на насреќата. Со него во автомобилот бил и 42-годишниот Б.В. од Струга кој се здобил со потешки повреди. Сопатникот бил веднаш пренесен во болница каде е задржан на лекување.

Полицијата работи на откривање на причините за несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top