| четврток, 6 декември 2018 |

Џордан: 1 на 1 со Леброн да, со Коби не!

Колку би платиле вистинските љубители на кошарката да можат да ги гледаат најдобрите кошаркари, еден против друг, најверојатно би дале цело богатство.

Нам ни преостанува само да разговараме кој е подобар или кој би победил.

Легендарниот Мајкл Џордан призна дека и сам би платил да одигра кошарка еден на еден со неколку играчи, а на таа листа не се најдоа Леброн Џејмс и Коби Брајант.

Наа таа листа се Џери Вест, Елџин Бејлор, Џулиус Ирвинг, Кармело Ентони, Двејн Вејд.

На прашањето од новинарите како би завршил баскетот против Џејмс, но под претпоставка дека Џордан ќе игра во формата од најдобрите денови тој рече:

– Не би загубил. Тоа е мое мислење, штета што не се сретнав со Џејмс бидејќи игравме во различни периоди од НБА-лигата- вели Џордан.

-Но не сум сигурен како би завршило со Коби, бидејќи тој ги краде сите мои потези- додаде Џордан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top