| четврток, 6 декември 2018 |

Обама: Републиканците се во „крстоносна војна“.

obamaАмериканскиот претседател Барак Обама ги обвини републиканците за неизгласувањето на буџетот, оценувајќи дека фракција на оваа партија одлучила да го блокира функционирањето на Владата, бидејќи не им се допаѓа законот за здравствено осигурување.
– Додека сум јас претседател нема да дозволам да поминат барања на некои од Републиканската партија кои сакаат да им оневозможат на милиони вредни Американци право на пристап до здравствено осигурување, истакна Обама во своето обраќање до нацијата.
Тој изјави дека републиканците водат „идеолошка крстоносна војна“.

Обама нагласи дека се уште не се знаат сите последици од одлуката буџетот да не се изгласа, но нема дилема дека тоа ќе ја погоди американската економија.

Зборувајќи за законот за здравствено осигурување, т.н. „Обамакер“, американскиот претседател истакна дека за многумина ова е ситуација во која се одлучува меѓу живот и смрт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top