| четврток, 6 декември 2018 |

Вратил пари кои ги украл неговиот татко (Видео)

23374145_BG1Кога минатиот месец во неговата куќа заѕвонил телефонот, 15-годишниот Кристијан Лансфорд од Оклахома не се јавил, затоа што знаел дека неговиот татко повторно има проблеми со законот. И навистина, Шејн Лансфорд бил фатен, овој пат затоа што ограбил старица на гробишта.

Тона Херндон (78) само што го изгубила сопругот со кој била во брак 60 години и се молела крај неговиот гроб кога одеднаш крадец и ја зел торбата во која имала 700 долари.

Кога неговиот син слушнал за инцидентот, се сетил дека неговиот татко неодамна му дал 250 долари да оди на пат со својот бенд.

-Не знаев дали парите се негови или нејзини, но знаев дека морам да и ги дадам, колку силно и да сакав да одам на пат. Размислував дали еден ден ќе завршам како мојот татко- истакна Кристијан кој ја повикал старицата и со неа договорил средба на паркингот на црквата во градот Мур.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top