| четврток, 6 декември 2018 |

Земјотрес од 6,8 степени во Чиле

zemjotres

Земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Чиле, соопшти Геофизичкиот институт на САД.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 45,7 километри, 101 километар југозападно од рударскиот град Капиапо и на 585 километри од Сантјаго.

Чилеанските власти соопштија дека нема опасност од појава на цунами.

Пред три години земјотрес од 8,8 степени и цунами ги опустошија централните и јужните реони на Чиле, при што загинаа стотици луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top