Европскиот суд за човекови права пресуди дека Анкара треба да им исплатат отштета од над 60.000 евра на 19 Курди, кои биле казнети поради барањето за „обраќање со почит“ кон лидерот на сепартистичката Курдска работничка партија (ПКК), Абдула Оџалан. Според Судот, било прекршило правото за слобода на изразување.
Во 2008 година 19 курдски активисти испратија петиција до правосудните органи во Турција со барањето за признавање на правото на употреба на турскиот збор „саѕин“ (саин – почитуван) во обраќањето кон Оџалан. По испраќањето на петицијата, меѓутоа, секој од потписниците беше казнет со по 700 евра поради „повикување на криминал и сторен криминал“.
Според Европскиот суд за човекови права, правото на слобода на изразување треба да се почитува и во случаите кога кажаните идеи може да „вознемират, шокираат или збунуваат“. Во таков случај е неопходна толерантност и дух на отвореност, без кои не може да има демократско општество, посочи судот во Стразбур.
Турција може да ја обжали одлуката на Судот во рок од три месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


