| четврток, 6 декември 2018 |

Јавните личности утре во улога на библиотекари

Утре во просториите на Градската библиотека „Браќа Миладиновци” Скопје, ќе се одржи хуманитарна акција за Универзитетската клиника за детски болести – Скопје, во организација на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје.

Настанот е организиран како „Отворен ден“ во Библиотеката и е именуван –  „Јавни личности во улога на библиотекари“.

Хуманитарна_акција-ф лаер

Голем број личности од јавниот живот, актери, пеачи, спортисти, политичари, ќе ја преземат улогата на библиотекари и ќе услужуваат читатели, а собраните средства од членството ќе бидат донирани за опремување на „Игротека-библиотека“ на Универзитетската клиника за детски болести. Настанот е подржан од првата дама на Р. Македонија, г-ѓа Маја Иванова и Градоначалникот на град Скопје г-дин Коце Трајановски.

Настанот ќе биде збогатен со креативна работилница „Мали креативци“, со деца од предучилишна возраст, кои ќе цртаа на тема „Лекарите – бели ангели, пријатели на децата“. Цртежите од работилницата ќе креираат сликовница која ќе биде печатена и дистрибуирана во „Игротеката – библиотека“ на Универзитетската клиника за детски болести.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top