| четврток, 6 декември 2018 |

Идејни решенија за плажите во Дојран и Преспа (галерија)

Министерството за транспорт и врски доби девет идејни решенија, четири за плажи на Преспанското Езеро и пет за плажи на Дојранското Езеро, на конкурсот за изработка на идејно архитектонско – урбанистички решенија за уредување плажи на езерата, објавен во август.

Граѓаните  можат да гласаат за решенијата кои им се допаѓаат на страницата на Министерството за транспорт и врски.

20131001-plazi-dojran-prespa3

На Дојранското Езеро планирана е реконструкција на плажите  „Граница Николиќ“, „Калдрма“, „Карач, плажа кај одмаралиште „Титови Пионери“  „Стара Мрдаја и плажите бр. 7,8,9 и 10 во централното градско подрачје.

20131001-plazi-dojran-prespa5

На Преспанско Езеро, конкурсот се однесува на локациите: „Крани“ , „Отешево“, „Коњско“, „Сливница“  и „Претор“ во централното подрачје.

20131001-plazi-dojran-prespa7

Откако ќе се изберат идејните решенија ќе се пристапи кон изработка на основните проекти, а потоа ќе се спроведе постапка за издавање на плажите на управување и ќе се дефинираат деталите на колку време ќе се издаваат под закуп и кои ќе бидат условите за идните концесионери.

20131001-plazi-dojran-prespa8

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top