| четврток, 6 декември 2018 |

Од денеска брашното само со контролна маркичка

Wooden Scoop Flour ShotРесорното министерство ги известува сите што продаваат брашно дека од денеска почна примена на правилникот што се однесува на контролната маркичка.

„Во согласност со Законот за квалитетот на земјоделските производи, брашното може да се стави во промет означено со контролна марка дека ги исполнува условите за промет и за квалитет утврдени со овој закон. Исто така, операторот со брашно е должен пред ставање во промет на брашното на пазар, секое пакување да го означи со контролна маркичка на видливо место. Контролните марки треба да се јасно видливи, читливи, неизбришливи и прицврстени или трајно втиснати на пакувањето на начин што при отворањето на пакувањето ознаките видливо и трајно се оштетуваат“, се вели во соопштението од МЗШВ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top