Управата за јавни приходи при контрола во Скопје вчера, бил регистриран случај на обид за спречување на контрола на фискализација во познат маркет, на патот Сингелик-Арачиново. Обврзникот се обидел да ја уништи финансиската документација која била предмет на проверка, а во која даночниците утврдиле прикривање на готовинскиот промет. И покрај ваквата “снаодливост“ на обврзникот, контролата е успешна завршена, стои во соопштението.
Од вкупно 11 деловни објекти во населбите Автокоманда, Сингелик и Маџари, затворен е и познат хотел во центарот на Скопје, се додава во соопштението.
Финансиските контроли во Охрид потврдија дека стоматолошката дејноста е сеуште ризична од даночен аспект. Со неправилно финансико работење, буџетот го оштетиле 8 субјекти на кои им е изречена глоба и времена мерка забрана за вршење на дејност.
Според податоците и она што е утврдено на терен од почетокот на годината, најголем даночен ризик од 27,16 проценти е забележан кај субјекти кои вршат спортски и забавни дејности (фитнес, аеробик и слични клубови), 13.95 проценти кај козметички и фризерки студија, 11.54 проценти кај фото студија, 9.59 проценти спортски обложувалници и како помалку ризично (под 7 проценти) вршењето на стоматолошка и офтамолошка дејност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.