Француски алпинист при искачувањето на Мон Блан пронашол кутија со скапоцени камења вредни илјадници евра, за кои се вервува дека припаѓале на патник во индиски авион кој се урнал пред повеќе од 50 години. Димјамантите и сафирите, чија вредност се проценува помеѓу 130.000 и 246.000 евра, биле предадени на француската полиција, а младиот алпинист кој ги пронашол и предал сакал да остане анонимен.
Тие се наоѓале во метална кутија и биле спакувани во мали вреќички, а на нив била пронајдена ознака „Made in India“.
– Доколку сопственикот на дијамантите не биде пронајден, тие ќе му припаднат на пронаоѓачот – изјавил претставник на локалната полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.