Дерек Ненс од Кентаки за интернет-порталот „Вице“ ја раскажа својата приказна за необичната навика на исхрана, а таа брзо се рашири низ друштвените мрежи.
Поради ретка алергија Дерек последните пет години јаде само сурово месо, а забите ги мие исклучително со свинска маст. Тој тврди дека не може да јаде печено место порадит тоа што имало запален вкус, а додаде дека сака да стане месар.
Сѐ почнало пред шест години, кога добил алергија на одредени прехранбени производи. На почетокот ги исфрлил леботот и млечните производи од својата исхрана, но продолжил да слабее, а потоа станал и веган, но и тоа не му помогнало.
-Бев многу болен, па бев подготвен на сѐ. Имав неколку кози во дворот, кои ги користев за млеко. Се заситив од тоа, па ги заклав и ги изедов, сурови. Така преминав на оваа диета – рече Ненс.
Неговата девојка, која е вегетаријанка, тврди дека го поддржува своето момче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



