| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска малку дожд, повеќе ветер

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со локален краткотраен дожд. Ветерот утре ќе биде со позасилен интензитет, наместа ќе достигне и до 70 километри на час.

Утринската температура ќе се движи од минус три до два, а дневната од четири до 11 степени.

Во Скопје слично време, со утринска температура до нула и со дневна до седум степени.

Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во сабота кон крајот на денот и во недела наместа ќе има повремен дожд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top