| четврток, 6 декември 2018 |

Австралискиот суд ослободи Македонец обвинет за убиство на сонародник поради наводна одмазда

Роберт Николовски (во средина) со мајка му Олга Николовски излегуваат од судница по ослободителната пресуда

Роберт Николовски (во средина) со мајка му Олга Николовски излегуваат од судница по ослободителната пресуда

Обвинителството во Австралија го ослободи Македонецот Роберт Николовски од обвинение за убиство на неговиот сонародник Дарко Јанчески што се случи минатата година.

Како што јавуваат австралиските медиуми, обвинението формално беше повлечено минатата недела. Со Николовски се ослободени уште двајца од четворицата обвинети, додека четвртиот, Метју Пол Вигинс, сѐ уште се соочува со обвинение за убистви и останува во притвор.

–       По неколку месеци пекол, затворен во притвор за нешто што не сум сторил, немам зборови да го изразам олеснувањето што конечно сум ослободен од обвинение – изјавил Николовски по излегувањето од притвор.

Николовски беше уапсен во јануари годинава откако полицијата тврдеше дека имало некаква врска меѓу Николовски и убиениот Јанчески во април 2012 година. Јанчески беше убиен пред куќата на родителте од мотоциклист во движење, пет месеци откако помладиот брат на Роберт Николовски, Горан, исчезна под сомнителни околности.

Во тоа време, обвинителството го обвинија Николовски дека го убил Јанчески во знак на одмазда за убиството на брат му.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top