Деветте скулптури-музи на уметноста заедно со двата лава утре ќе бидат поставени на колонадата која како дел од проектот „Скопје 2014“се гради од левата страна на Вардар, јавува „Фактор“.
Колонадата претставува градба од низа столбови поврзани со греди, која стои слободно или е дел од друг објект. Висината е осум метри и на неа ќе се постават деветте бронзени скулптури на музи: Kалиопе, Талија, Терпсихоре, Kлио, Мелпомена, Ерато, Еуртепе, Уранија и Полихимнија. Висината на музите е 2,5 метри, а на лавовите 2,6 метри.
Проектот е изработен од проектантската куќа „Мегарон“, а беше најавен пред речиси три години. Во меѓувреме, беше избран и изведувачот на проектот, фирмата „Бетон“, со која беше склучен договор вреден околу 880.000 евра. Само за скулптурите ќе бидат потрошени околу 400 илјади евра.
Античката колонада е наречена „Независна Македонија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Богдановиќ најави дека некои објекти од проектот Скопје 2014 ќе бидат дислоцирани
-
За Скопје се заинтересиравме откако прочитавме за проектот „Скопје 2014”
-
Јанев за „Дневник“: Мојот релјеф стои до делата на Микеланџело, а во Скопје го сквернават
-
Новиот изглед на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура (ФОТО)


