| четврток, 6 декември 2018 |

Кавадарци со еднократна парична помош ќе зголемува наталитет

bebe_17062013_screen

Општина Кавадарци со еднократна парична помош ќе го помага зголемувањето на наталитетот. Ваква одлука попладнево донесе кавадаречкиот општински Совет на седмата по ред седница. Одлуката ќе стапи во сила од 1 јануари.

-Секое семејство со новороденче ќе добие еднократен паричен износ од шест илјади денари. Невработени родители за новороденче ќе добиваат по еднократен паричен износ од 10 илјади денари, беше предлогот на советникот Горан Белевски, кој советниците едногласно го прифатија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top