| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдо се посрамоти против Барселона

Првиот полуфинален натпревар од Шпанскиот Куп меѓу кралскиот клуб и каталонците заврши нерешено 1-1

Во 1. минута, Роналдо се закани со слободен удар кон голот на Пинто, но топката не влезе во голот. Барселона беше во дефанзива , откако Реал почна офанзивно и со повеќе пресинг.  Првата шанса, гостите ја имаа во 12. минута, кога Андрес Иниеста, одлично го пронајде Жорди Алба, но тој беше непрецизен. Во 20. минута, од слободен удар, Чави ја погоди пречката, за потоа повторно да имаат шанса да поведат по катастрофалната грешка на Карваљо, но сепак Варан беше на висината на задачата, исфрлајќи ја топката што подалеку од неговиот шеснаесетник.

Првиот гол беше постигнат во 60. минута, откако Меси одлично ја украде топката од одбраната на Реал, ја додаде до Фабрегас, а тој без проблеми ја смести позади грбот на новиот голман на Реал Мадрид, Лопез.

Погодокот за Реал пристигна во 81. минута, откако Озил одлично нафрли, а највисок во шеснаесетникот беше одличниот дефанзивец на денешниот натпревар, Варане. На самиот крај на натпреварот, Барса имаше можност да слави на Бернабе, но голманот Лопез, со одлична интервенција ја спаси својата мрежа, топката заврши во корнер, со што на крајот беа поставени конечните 1-1.

Реваншот  од Шпанскиот куп помеѓу Реал и Барселона на „Камп Ноу“ е закажан за 27 март.

А еве како Роналдо реагираше и се посрамоти пред голот на Барселона

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top