Касимира Стојанова, роднина на баба Ванѓа, во својата книга „Вистината за Ванѓа“ која ја издаде неодамна, напиша дека нејзината баба била под влијание на демони.
Во книгата има примери преку кои се тврди дека Ванѓа била поврзана со демоните и дека никогаш немала нешто заедничко со Бог, како и дека нејзините предвидувања немаат ништо заедничко со Божјото откровение.
„Се сеќавам на денот кога наполнив 16 години. Се сеќавам по тоа што по вечерата во нашата куќа во Петрич, Ванѓа изненадно почна да зборува обраќајки ми се мене. Тоа веќе не беше таа, слушнав глас на сосем друг човек: „Секој миг си под нашето будно око“. Потоа ми раскажа сѐ што сум правела во текот на денот. Останав без зборови. Потоа ја прашав тетка ми: Зошто ми го кажа сето тоа? Ванѓа се зачуди: „Ништо не сум ти кажала“. Меѓутоа, кога ѝ кажав сѐ што сум слушнала од неа, таа тивко одговори: „Тоа не бев јас, тоа се други кои се наоѓаат покрај мене. Едните ги нарекувам „мали сили”, тие ми кажаа што си правела во текот на денот, но постојат и „големи сили”. Кога тие почнуваат да зборуваат со мене, односно преку мене, јас губам многу енергија, ми се лоши и после тоа сум многу изморена”, е дел од она што е напишано во книгата.
– „Сознавајќи за несреќата која доаѓа, мојата јадна тетка бледее, паѓа во несвест, од нејзината уста излегуваат неповрзани зборови, а нејзиниот глас во таквите мигови нема ништо заедничко со нејзиниот обичен и нормален глас”. Гласот е многу силен, нејзиниот речник во таквите моменти се разликува од секојдневниот речник на Ванѓа. Како некој разум да се вселува во неа, како да и ги соопштува судбоносните случки. Таа тоа го нарекува „голема сила” или „голем дух”. Мислам дека нема потреба да говорам за тоа кого Ванѓа го нарекувала „голем дух“, е само уште еден извадок од книгата.
Се шпекулира дека Бугарската православна црква ќе ја вброи Ванѓа во редот на светителите.
Сепак баба Ванѓа останува мошне популарна. Во неодамна објавеното пророштво кое го пренесува магазинот „Трето око“ од Белград таа ја посочила 2012 како година на почеток на глобални промени на планетата, при што само славата на Русија ќе остане недопрена.
Ванѓа пред смртта објавила дека „крајот на светот“ ќе почне во Сирија. Двосмисленоста на нејзините пророштва велат дека планетата Земја, сепак, ќе опстане, но и дека Европската унија ќе пропадне, а Русија ќе стане „ореол над планетата“.
Во неодамна објавеното пророштво на баба Ванѓа се наведува дека таа ја посочила 2012 година како година на глобални промени на планетата, односно рекла дека годината на змејот во кинескиот хороскоп ќе биде „почеток на крајот“.
Уште во 1996 година прорекла дека Сирија ќе биде центарот на настаните што на човештвото ќе му донесат светска криза од невидени размери и глобални промени, а „власта во Сирија ќе падне“.
Сепак, според нејзините последни зборови, неодамна објавени, ќе настапи време на спокојство што ќе црпи сила од древните учења.
– Ме прашуваат дали тоа време ќе дојде наскоро? Сè уште не. Но, Сирија ќе падне под нозете на победникот, а победникот нема да биде оној за којшто сите мислат дека ќе биде – гласеле нејзините визии во август 1996 година. За баба Ванѓа „крајот на светот“ значел и почеток на нешто ново.
– Ќе дојде ден кога лагата ќе исчезне од Земјата. Нема да има насилства и кражби. Војните ќе престанат, а тие што ќе останат живи ќе ја сфатат вредноста на животот и ќе го чуваат како зеницата во окото. Земјата ќе влезе во ново доба што јас го викам време на доброчинители. Тоа време не зависи од нас – ќе настапи без разлика дали ние тоа го сакаме или не. Новото време ќе бара потполно поинакви мислења и сфаќања, сознанија, квалитетно потполно поинакви луѓе кои нема да ја нарушуваат хармонијата во космосот – рекла пред смртта Ванѓа.
За Европа мислела дека никогаш нема да може да се „подмлади“. Покрај останатите пророштва, баба Ванѓа на блиските им ја доверила и иднината на Русија. Оваа земја секогаш ја сметала за „водечка сила на планетата“.
– Сè ќе се истопи како мраз, но единствено славата на Русија ќе остане недопрена. Таа повторно ќе стане голема империја, пред сè империја на духот. Русија ќе се издигне како ореол над Земјата – прорекла баба Ванѓа пред смртта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.