| четврток, 6 декември 2018 |

Богов: БДП годинава веројатно над 3 отсто

Dimitar-Bogov-1Растот на домашниот бруто-производ годинава, веројатно, ќе биде над 3 отсто, но, сепак, потребен е раст во континуитет од повеќе години за тоа позначително да се почувствува кај сите граѓани, вели гувернерот на Народна банка на Македонија, Димитар Богов, за „Радио Слободна Европа“.

– За оваа година нашата проекција сѐ уште е 2,2 отсто, но по објавувањето на податоците за вториот квартал за БДП, веројатно ќе дојде до поместување нагоре. Ние сега ја почнуваме новата рунда проекции која ќе биде готова некаде кон крајот на октомври, меѓутоа за очекување е дека растот на БДП оваа година веројатно ќе биде над 3 отсто – вели Богов.

Тој посочува дека интересно е што депозитите во банките кај нас континуирано растат. Истовремено, депозитниот раст е повисок од кредитниот во последните неколку години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top