| четврток, 6 декември 2018 |

Денес продолжува судењето на фризерката-измамник

frizerka-4

Во кривичниот суд во Скопје денеска ќе продолжи сослушувањето нa сведоците од станбената афера во која е обвинета фризерката од Скопје, Благица Дончевска, а нејзиниот татко Ацо Вељановски е обвинет за помагање.

Според обвинителството, Дончевска измамила 42 граѓани, на кои им ветувала продажба на социјални станови по минимални цена. Од досегашните сведоци, вината за продажбата на фиктивни станови е насочена кон Дончевска.

Фризерката беше уапсена во март годинава, полицијата ја осомничи дека на оштетните им се претставувала како претставник на владин проект за станови наменети за лица со посебни потреби, за млади брачни двојки, за социјални случаи, со што измамила 42 лица.

Според обвинението, оштетените требало предвреме да уплатат дел од сумата, а остатокот, според нејзиното ветување, било покриено со донациите на амбасадите на Белгија и на Холандија. Оштетените останале и без пари и без станови, а обвинителството вели дека Дончевска од уплатените пари водела луксузен живот. Парите оштетните ги уплаќале на трансакциска сметка на нејзиниот татко.
Обвинетата Благица Дончевска е во притвор од март , а имотот што е на нејзино име е запленет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top