| четврток, 6 декември 2018 |

Турција купува кинеско оружје, САД реагираат

Erdogan-vision-2023САД се вознемирени од одлуката на Турција да избере кинеска фирма, која е под санкции од Вашингтон, во тендерот за одбранбени системи со ракети со голем дострел, објави „Си-Ен-Ен Турк“.
Портпарол на Стејт департментот изјави дека САД им укажале на турската влада за „сериозна вознемиреност“ од изборот на кинеската фирма CPMIEC, која е под санкции заради непочитување забрана за испорака на оружје за Иран, Северна Кореја и за Сирија.
Тој додал дека кинескиот систем не е компатибилен со системите на НАТО за рано предупредување и други колективни одбранбени капацитети. Вредноста на проектот е околу три милијарди долари. На тендерот учествуваа фирми од САД, Русија, Франција и од Италија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top