На десеттото, јубилејно издание од Интернационалниот театарски фестивал „Театарлен куфер“, кој се одржа во Минск, Белорусија, од 22 до 29 септември, независната продукција „Театар 007“ ја освои Специјалната награда од интернационалното жири за најдобра претстава со невербална комуникација, за претставата „Игра“, работена според расказите на Данил Хармс, во режија на Игор Ивковиќ.
– Со аплаузи на отворена сцена и стоечки овации беше поздравена изведбата на претставата „Игра“, на десеттото издание од фестивалот „Театрален куфер“. Не само интернационалното жири, туку и бројната публика присутна на фестивалот беше презадоволна од претставата која е своевиден револт за сите политизирања на театарот, претстава во која се иронизира, исмејува и пародизира сѐ што значи „локално“, „мое“, наспроти „глобално“ и „наше заедничко живеење исполеното со игра“ – истакна Миодраг Костиќ, продуцент на „Театар 007“.
Во претставата играат Дарко Вељиќ, Фаик Мефаилоски, Катерина Петровска, Влатко Толески, Јана Пауновска, Анастасија Ашкилова, Дарко Богески и Весна Пановска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.