| четврток, 6 декември 2018 |

Запленети 200 килограми марихуана кај Корча

marihuana2

Во близина на Корча албанската полиција запленила 200 килограми марихуана, чија крајна дестинација бил грчкиот наркопазар.

Наркошверцерите кога забележале дека ги следи полицијата, на влезот во селото Лесковик, ги напуштите трите возила со кои ја транспортирале дрогата, две марка „мерцедес“ и едно возило „фолксфаген“. Благодарение на непристапниот терен успеале да ѝ избегаат на полицијата.

Ова е втора успешна акција на албанската полиција, во последните неколку дена.

Претходно кај приморскиот град Валона полицијата заплени 350 килограми марихуана. Во последните денови од минатата недела грчката полиција во две одделни акции заплени околу 400 килограми марихуана, во близина на грчко-албанската граница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top