| четврток, 6 декември 2018 |

МИА бележи 15 години од емитувањето на првата вест

mia-500

„Едно лице почина, 17 се повредени во земјотресот во Србија“ е насловот на првата вест што Македонската информативна агенција (МИА) ја емитуваше на 30 септември 1998 година, со што почна редовната продукција на информации до корисниците.

МИА е јавен информативен сервис, основан од Собранието на Република Македонија во февруари 1992 година.

МИА ангажира педесетина новинари за вести и новинари-репортери во редакцијата и триесетина новинари-дописници од Македонија и од странство.

МИА има дневна продукција од 300 до 350 вести и други прес-информации на македонски, на англиски и на албански јазик и развиена дописничка мрежа во земјава и во светот.

МИА произведува и специјални тематски потсервиси и дневни и неделни билтени. МИА, исто така, продуцира фотосервис и фоносервис, кои се достапни преку веб-страницата на агенцијата – www.mia.mk

Корисници на МИА се електронските и печатените медиуми во земјава, македонските амбасади во странство, странски дипломатски и други претставништва и мисии во Македонија, како и медиуми на наши иселеници во странство.

МИА е членка и на Светскиот конгрес на новински агенции – НАЊЦ и на АБНА – Асоцијацијата на новинските агенции на земјите од Југоисточна Европа и на Црноморската асоцијација на национални новински агенции – БСАННА.

МИА, исто така, е дел и од информативните пулови на: РОМПРЕС (Романија), БТА (Бугарија), АТА (Албанија), ТАНЈУГ (Србија), МИНА (Црна Гора), ФЕНА и СРНА (БиХ), СТА (Словенија), ХИНА (Хрватска), АНА-МПА (Грција), АНАДОЛИЈА (Турција), АПА (Австрија), ЕФЕ (Шпанија), УКРИНФОРМ (Украина)…

МИА соработува и со големите новински агенции – француската ФРАНС ПРЕС, кинеската ХСИНХУА, иранската ИРНА, британскиот јавен сервис Би-Би-Си, германската ДПА, руската ИТАР-ТАСС, а сервисите на МИА ги користат и светските информативни сервиси ДОЈЧЕ ВЕЛЕ, СЛОБОДНА ЕВРОПА, ГЛАСОТ НА АМЕРИКА…

Во текот на минатите 15 години, МИА како најпедантен хроничар на македонските, регионалните и светските случувања и собитија формира обилна сопствена база на податоци, информации, фоно- и фотозаписи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top