| четврток, 6 декември 2018 |

Наум Петрески предизвикал сообраќајка и избегал?

Возачот кој синоќа во Охрид предизвикал сообраќајка удирајќи во задниот дел од возило кое било на неколку метри пред него, бил познатиот пејач на народни песни Наум Петрески – објави „Охриднет”.

Тие се повикуваат на изјава од такси возач кој бил во близина на местото каде се случил ударот. Според неговото кажување за охридскиот портал,  тој го препознал фолк пејачот кој не застанал откако го удрил автомобилот пред него туку заминал по ,,Туристичка” кон излезот на Охрид кон Струга.

Од СВР Охрид не ја потврдиле оваа информација и не прецизирале за имињата на возачите на возилата, она само што е познато е дека го во незгодата учествувале две патнички моторни возила, едното марка волксфаген со скопски таблички а второто BMW со охридски таблици.

Во незгодата возачот на BMW-то се здобил со лесни повреди кој по прегледот во болницата “Св.Еразмо” бил пуштен на домашно лекување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top