| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските кик боксери на СП во Бразил

boks

Македонската  сениорска  кик бокс  репрезентација  од  денеска па до 7-ми октомври  ќе биде во Гуараја, Бразил на   WAKO-  Светското  првенство  во ЛОУ КИК и К1 дисциплините од кик бокс спортот.

Бразил следниве 7 дена ќе биде  во центарот на  светските  збиднувањата  во кик боксот. Македонската репрезентација ја сочинуваат четворица  искусни натпреварувачи :

– Ненад Манојловски – 67кг.   лоу кик

-Димитар Ѓорѓиев – 75кг.   лоу кик

-Мики Ивановски – 81кг.  лоу кик и

-Далибор Огнанов – 75кг.   К1

Македонските  репрезентативци  се во одлична форма , а тренерот Драган Атанасовски  и  селекторот Дејан Митровски -Урко очекуваат од нив  да се претстават во најдобро светло .

По официјалното мерење ќе бидат  познати противниците на нашите репрезентативци  како и  редоследот на натпреварувањата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top