| четврток, 6 декември 2018 |

Подгответе чадори и потопла облека- од утре дожд, грмежи и пониски температури

dozd-cadori02

Управата за хидрометеоролошки работи, соопшти дека од утре ќе преовладува  променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Локално се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен, а температурата ќе биде во опаѓање.

Промената на времето е поради влијанието на влажна и нестабилна маса од Медитеранот, а метеоролозите препорачуваат при појава на електрични празнаења поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top