| четврток, 6 декември 2018 |

Васил Зафирчев се разголе за новиот проект

vasil zafircev

фото: Јован Куциновски

Актерот Васил Зафирчев направи провокативна фотосесија за потребите на неговиот нов проект „Дневникот на Хулиганот кој стартува на почноќ на 1-ви октомври на Метрополис Радио.

Станува збор за проект од мултимедијален карактер кој ќе се развива во неколку фази, чиј главен протагонист е драмскиот уметник Васил Зафирчев.  Предвидени се дваесет и две премиери кои ќе се емитуваат секој вторник во етерот, на авторска музика на Тања Рибарска. Во понатамошните фази, проектот ќе добие свое видеоиздание, публикација и караван низ Македонија.

Проектот е во копродукција меѓу Арт-Маркетинг и ТулипПро. Работен е врз истоимениот текст на младиот и извонредно талентиран автор Сашо Димоски, оценет како писател со посебен и редок пример на личен колажиран стил. Име од кое македонската книжевност треба допрва да очекува естетска илуминација и вредна уметничка иднина.

„Дневникот на Хулиганот“ е дневник за љубовта, за единствената смисла на животот која се состои од мерење на времето според значењето и особеноста на луѓето кои ги сакаме и кои му даваат смисла на нашето постоење. Тој е внатрешниот глас на љубовта. На секоја љубов. Носи универзална порака за негувањето, чувањето и градењето љубов. Тоа е сечија приказна, затоа што е длабоко човечка во суштината и универзална во интимноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top