| четврток, 6 декември 2018 |

Продуцентите на Лејди Гага во потрага по ѕвезди од Македонија

lejdi gaga

 

Про­ду­цент­ска­та куќа која ги застапува Леди Гага, Ријана, Еминем и други свет­ски познати ѕвезди, заинтересирана е да го прошири бизнисот во Ма­ке­до­ни­ја, откако се информираше за владината иницијатива “Инвест ин Ма­се­до­ни­ја”, пишува Вест.

Нилс Бортлоф, потпретседател за правни и деловни работи на “Универзал мјузик”, Германија, кој неделава присуствуваше на бал­кан­ска­та меѓународна конференција за фонограмска индустрија во Скопје, вели де­ка неговата компанија веќе ги истражува условите за инвестирање во зем­ја­ва и ако нешто ги разубеди, тоа ќе бидат измените на Законот за ав­тор­ски­те и сродни права кои се во собраниска процедура.

“Из­ме­ни­те на Законот за авторските и сродни права, кои се во собраниска про­це­ду­ра, никако не се во согласност со европското законодавство, и ја по­ви­ку­вам Владата уште еднаш да размисли дали измените навистина се пот­реб­ни, бидејќи ако се усвојат, македонскиот Закон за авторските и срод­ни права веќе нема да биде во иста линија со европскиот”, рече Бор­тлоф, вчера, на прес-конференција.
Бор­тлоф вели дека “Универзал” веќе е активен на пазарите во Хрватска, Ср­би­ја и во Словенија.
“Се­ка­де каде што има здрав пазар, каде што има добро законодавство и се чувствува поддршка од Владата, во сите тие земји ‘Универзал’ сака да ра­бо­ти и да инвестира и е многу активен. Не работиме само со големи ѕвез­ди, бидејќи и големите ѕвезди некој треба да ги создаде, оти на по­че­то­кот се мали и локални. Затоа ‘Универзал’ бара и потпишува договори со ло­кал­ни уметници што ја презентираат локалната култура. На ист начин би инвестирале и во македонската култура, во локалните изведувачи, гру­пи и пејачи”, вели Бортлоф.

Спо­ред него, Законот за авторските и сродни права е под притисок секаде во светот, бидејќи има луѓе што бараат сe што е пиратско да стане ле­гал­но, да биде сe бесплатно, но тоа, вели Бортлоф, е радикален став.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top