| четврток, 6 декември 2018 |

Кога на љубовната врска и треба терапија?

razvod

Многу луѓе не се ни свесни дека прават грешка со тоа што ги изедначуваат љубовта со љубовната врска. Мислат дека е доволно да ја најдат вистинската љубов и со тоа автопатски ќе остварат добра врска, а потоа и брак.

Но, во реалноста тој автоматизам не постои. Потврда за тоа се паровите кои се обидуваат да ја подобрат врската или бракот со терапија. На таков чин се решаваат токму тие кои многу се сакаат, но и покрај се, не се во состојба да воспостават стабилна и квалитетна љубовна врска.

 

Како е тоа можно- двајца да се сакаат, а да не можат да имаат задоволувачка љубовна врска? Причината е тоа што секој од нив има своја претстава за тоа како треба да изгледа врската, а таа не се поклопува со размислувањето на партнерот. На пример, жената, очекува од партнерот, ако навистина ја сака, нејзините желби да му бидат приоритет и тој да се труди да и ги исполнува.

Мажот пак, очекува од неа, ако таа навистина го сака, неговите желби да ги стави на први место и да му ги исполни.

Затоа нивната врска се претвора во борба кој кого ќе натера да му ги исполни желбите.
Поради тоа често е караат, раскинуваат, потоа страсно се смируваат… Ваквите врски стануваат напорни после долг период и на крајот доведуваат до конечно раскинување на врската.

Шансата за опстанок е да се побара стручна помош- од психотерапевт кој е специјализиран за работа со парови и брачни двојки кој треба да им помогне да ги препознаат аспектите во кои се согласуваат и оние во кои имаат важни разлики. Потоа треба да се обидат да најдат решение кое ќе биде прифатливо за двајцата. Тоа некогаш успева, некогаш не… Но вреди да се обидат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top