Лидерот на Златна зора, Никос Михалолиакос и четворица пратеници од неговата партија и форманлно добија обвинение за учество во криминална организација со намера да извршат злосторство.
56 годишниот Михалолиакос беше уапсен со уште 18 членови и приврзаници на партијата, а во неговата куќа при претресот биле пронајдени три огнени оружја за кои немал дозвола за поседување.
Меѓу уапсените се и генералниот секретар и портпаролот на партијата, како и пет пратеници во грчкиот парламент.
Златна зора ги повика симпатизерите и членовите да протестираат пред полициската зграда во Атина заканувајќи се дека „ќе го возврати ударот“, наведува Би Би Си.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Златна зора отстранета од седница, повика војската да ги уапси Ципрас, Каменос и Павлопулос
-
„Златна зора“ повторно убива низ Грција
-
Неофашистите на „Златна Зора“ направија нов скандал поради Македонија и Турција во ЕП
-
„Златна зора“ не успеа, во Брисел формирана „Групата на пријатели на Македонија” (видео)