Најстудена зима во последните 100 години или само вообичаена, каква зима ни претстои годинава според метеоролозите? Во последните неколку денови се појави информации во кои беше цитиран германскиот метеоролог Доминик Јунг за тоа дека зимава ќе имаме екстремно ниски температури.
Метеорологот за српски Блиц ги негира овие информации и тврди дека бил погрешно цитиран, иако е извесно дека ќе имаме јака зима.
– Не знам како некои сајтови можеа да ме цитираат кога тоа никаде не сум го кажал. Особено не дека ни претстои најстудена зима во последните 100 години! Ние не се занимаваме со прогноза, туку со временски и климатски трендови, а тие според мапите кои ги имаме покажуваат дека во Европа е можна постудена зима од вообичаеното за нашиот континент, вели Јунг.
Тој не открива со која методологија биле утврдени трендовите, но само наведува дека се користи специјален модел на предвидување на климата и времето за да се добие трендот на температурата за оваа зима. На температурната мапа може да се види дека Балканот ќе биде зафатен од студен бран.
Јунг прогнозира дека најстудени месеци ќе бидат декември и јануари, кога темепературата ќе се спушти до – 10 преку ден, а ноќната до -25. Најмногу снег на Балканот очекува да падне во јануари, а февруари ќе биде најтопол зимски месец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.