Роберто Манчини нема да го наследи Фатих Терим на клупата на Галатасарај поради неговите нереални барања.
Актуелниот фудбалски првак на Турција Галатасарај се уште е во потрага по наследникот на Фатих Терим, на кој му беше врачен отказ оваа седмица.
Италијанскиот стратег Роберто Манчини кој е без ангажман од самиот старт беше најсериозен кандидат за клупата на турскиот гигант, но сега тој веќе не во комбинација.
Имено, се појави информација дека Манчини за една сезона во Галатасарај барал неверојатни 20 милиони евра, а секако Турците такво нешто не можеле да прифатат.
Сега во преден план за тренерската позиција е Роберто Ди Матео.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
Мицкоски: Излажаа дека ќе ја зголемат минималната плата секоја година
-
За некого уште е сон: Просечната нето плата за август 24.210 денари