| четврток, 6 декември 2018 |

Васил „Марионка“ ја преполни салата во Струмица (ФОТО)

Салата во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица беше преполна, се седеше и по скали, место немаше ниту за стоење – вака Струмицанет, го опишува синоќешниот настап на баритонот Васил Гарванлиев.

Познат по својот настап на „Златно славејче“ со незаборавната „Марионка“, Васил прв пат по 20 години настапи во родната Струмица. На едночасовниот концерт, тој синоќа пееше дела на Моцарт, Чајковски, Вивалди, Штраус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top