| четврток, 6 декември 2018 |

Пристигнаа новите 100 полициски возила (ФОТО)

Министерството за внатрешни работи ги доби новите сто полициски возила „Шевролет Спарк“ од добавувачот “Авто Македонија“. Тие беа промовирани денеска во кругот на МВР.

Цената на полициските возила кои МВР ги доби по тендерската постапка во јуни годинава, изнесува 45.353.800 денари.

Од македонската полиција соопштуваат дека новите возила ќе бидат распоредени во Секторите за внатрешни работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top